речник контакт

Михов прв на ултрамаратонот од 12ч. во Белград

За 12 часа Михов истрчал 115,7 км и бил прв меѓу 37 натпреварувачли од Балканот

Петар Печков

На ултра маратонот кој викендов се одржа во Белград, Србија, велешкиот атлетичар Трајче Михов беше најбрз на патеката која се трчаше 12 часа.

Тој за овој период истрча 115.7km со што стана победник на маратонот за ,,самопреживување,, како што стои во насловот.  На трката учествувале 37 натпреварувачи, од Србија, Хрватска, Бугарија и Македонија,  од кои 12 биле жени.

На него се трчало и 6 и 24 часа а Михов на истиот минатата година победи во трчање за 24 часа, при што истрча 222км.   Михов е член на АК Велес од Велес.  

АНКЕТА »

Дали намалените цени со новогодишната потрошувачка кошничка се помош за домашниот буџет

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »