речник контакт

Младинскиот напролет со нов изглед

Главното собиралиште на велешани следната година за 2,8 милиони денари ќе има нов лик,во кој ќе нема поголем дел од постојните дрвореди

Петар Печков

Младинскиот парк ќе биде целосно реконструиран, најавија од ЈКП Дервен. По првата половина од годината тој ќе има нов изглед. Ќе има комплетно нов систем за наводнување, тревната повшрина ќе биде обновена,  ќе има повеќе цветни алеи, нови дрвореди, нова на урбана опрема.

Овој простор и лично сакам да бдие обележје на градот. Од позначајните работи, ќе  проработи фонтаната и чешмата од страната на бензиската пумпа, ќе ја симнеме оградата од спротските терени на Гиманизајта, ќе изградиме пристапна патека за лицата со посебни потреби и за мајките со бебиња кое ќе биде кај театарот. Овој зафат че ќини 2,8 милиони денари.Два милиони се од општината а 800 илјади се наши средства - вели директорот Сашко Крстевски. 

Тој најави дека напролет ќе има нова голема сеча на дрјвата, овој пат во Младинскиот парк а тогаш на ред ќе дојдат багремите. Од ЈКП Дервен велат неопходно е постојниот дрворед кој е стар и деградиран и нема никаваа естетска и практична вредност да се  исече.

Паркот ќе се прошири за стотина метри во делот позади црквата Св.Кирил и Методиј, која е во изградба.Површината каде децата играат фудбал и спротуваат, заради нивните потреби ќе остане отворена а околу ќе има повеќе садници.Младинскиот парк со новиот изглед е поделен на 10 парцели, каде главно ќе биде цвеќето. Овие најави советниците едногласно ги усвоија вклучувајќи го и најавеното сечење на дровредите во Младинскиот парк.

АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »