речник контакт

Моторџија тешко повреден откако удрил во ѕид

Сообраќајката се случила вторникот попладне во населба Тунел

Петар Печков

Моторџија  удрил во ѕид, еден тешко  а друг полесно повреден. Според МВР  сообраќајка се случила вторникот околу   во 18.20 часот во Велес, на ул. „Благој Ѓорев“ во населба Тунел.  И двете момчиња Х.К. и Д.П.  имале по 17 години.

Седумнаесетгодишник од Велес, управувајќи мотоцикл „Херц 200 цм3“ без регистарски ознаки, изгубил контрола над истиот и удрил во бетонски ѕид. Во незгодата совозачот  исто така седумнаесетгодишниот сопатник од Велес е се здобиле со тешки телесни повреди – велат од СВР Велес.

Прва помош им пружила лекарска екипа Итна медицинска помош, по што  биле пренесени во ЈЗУ Општа Болница  Велес. Поради сериозноста на повредите, скршеници на нога и повреди на глава возачот бил пренесен во КАРИЛ-Скопје додека сопатникот е пуштен на домашно лекување. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР –Велес, по што ќе се знаат причините за сообраќајката.

АНКЕТА »

Дали учениците од 1-ви септември треба да тргнат на настава во училиште?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »