речник контакт

Наградата Прличко врачена на актерот Дац

Тој наградата и ја посвети на сопругата Весна

Петар Печков

     На  Драган Спасов Дац во саботата вечер во велешкиот театар  му беше врачена наградата ,,Петре Прличко,, .  За дваесет и една година работа на сцената на Драмски има одиграно бројни ролји, пред се носечки. Почнува со ликот на Ѓоре Пиже во ,,Не сега драга,, до првата улога во филм, кој допрва ќе го видиме, епизода во ,,До блачак,,.

На сцена се чувствувам убаво, ама еве сега по добивањето на наградава имам трема.  И тоа ми се случува прв пат. Се заблагодарувам на жирито што ме одбра мене, на колегите од велешкиот театар, на градот Велес. Најголемо благодарам  за најубавата жена на светот за мене, таа е моето животно дело. Весна ти благодарам за се. Ова награда и ја  посветувам неа – изјави Драган Спасов на сцената од велешкиот театар по добивањето на наградата која се состои од плакета со ликот на Прличко и паричен дел.  Наградата ја доделуваат  Општина Велес, Здружението на актери ,,Џинот,, и велешкиот театар.  Жирито беше  во состав Јордан Витанов, Зоран Љутков и Васил Зафирчев

Таа е резултат на се што досега сум сработил. Во театарот сум од Академија, континуирано сум на сцената, играм претстави. Само една или две сум имал помали улоги. Останатото сум во главните ролји. Иако сум најмлад добитник на оваа награда, мојот опус е голем – рече Спасов. Тој  дипломира на ФДУ  во класата на проф. Слободан Унковски. Од 1992 година работи како актер во Драмски Театар Скопје. До сега има остварено бројни и значајни улоги во театарски претстави, како што се Грев или шприцер, Амадеус, Ало будење, Дон Жуарн, Платонов, Свадбата на Фигаро.

Прличко е актер,  нема Македонец кој не слушнал и не знае. Тој е знак на наше  препознавање. Не само во Македонија, туку и пошироко на Балканот.  Тој е голем, голем, голем актер.  Сите сме го гледале и  примале и учеле  од него. Од И денес сум восхитен од енергијата што Прличко ја имаше и ширеше.  Беше и во постари години како пердув - рече Спасов.

АНКЕТА »

Како да се надмине состојбата со големиот број заразени лица, позитивни на ковид-19?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »