речник контакт

Награди за најдобрите од Велес

Признанија добија полицаец, пожарникар, занаетчија, комуналец, земјоделец, крводарител. Честитка и од градоначалникот за Новата година

Петар Печков

Општина Велес за најуспешни оваа година ги прогласи следните лица:

ТОНИ АРСОВСКИ – полициски службеник при СВР- Велес, вработен во Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај во Велес , Бошко ПЕТРУШЕВСКИ -пожарникар во Територијалната противпожарна единица во Општина Велес, КИРО ЦВЕТКОВ–хуманист-крводарител, активист на Општинската организација на Црвениот крст, РИСТЕ ЈОРДАНОВ - најдобар работник во ЈКП „Дервен, АНГЕЛЧЕ МИШКОВ – занаетчија, пирограф – изработувач на уметнички ракотворби, ИГОР ЈАКИМОВСКИ -  индивидуален земјоделец кој обработува 70 хектари земја.

Во оваа пригода општината додели и 16 стипендии за најдобрите ученици и студенти.  Во празнувањето  во салата Бели Мугри  настапија хористите на Младинскиот црковен хор „Св. Кирил и Методиј“ под диригентство на Веселинка Маџарова и кларинетистот Благој Ламјов. На свеченоста говореше и градоначалникот на општина Велес Славчо Чадиев кој  честитајќи ја Новата година  најави подобра следна година.

Убеден сум, исто толку гордо и достоинствено ќе ја дочекаме и следната година, но со нови планови, со поубава и побогата општина, со помалку невработени, со помалку социјални проблеми, со поголем број жители и задоволни и среќни лица. Далеку од тоа дека можеме се да направиме во една година и да ги решиме сите проблеми. Тоа никој не може. Но и јас и Советот на Општината и сите институции на системот ќе го дадеме својот максимум за да има подобар живот за граѓаните на Велес – рече Чадиев.

Тој ја испрати и новогодишната честитка:

Пречекајте ја Новата година со отворено срце, радост и верба во себе. Само така ќе ни биде среќна. Ви посакувам здравје, благосостојба и бериќет. Хармонија во семејствата и успех во работата.Среќна Нова 2014 година и Божиќни празници.

АНКЕТА »

Колку сте задоволни од настапот на македонските репрезентативци на ЕП во одбојка?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »