речник контакт

Награди за најубаво украсените површини

Блескаво и сјајно, така изгледаа дворовите и терасите на наградените

Петар Печков

 Дворот на Детската градинка кај Жаба зграда  е без конкуренција најубавото место во градов годинава. Тој ја доби наградата за  најубаво украсена површина .

Наградата за најубав двор ја поделија  Слободан Андов  од улица  Мирка Гинова 23, Ѓоре Цветковски на улица  4-ти јули бр 7 и  Рони Ѓоргиева Браќа Капчеви 22 . 

За најубаво украсени тераси наградени се :  Костадин Атанасов на Марксова 2, Анита Ѓошева на Андон Шурков 12/4 и Димче Тодоров Марксова 2.
  Наградените добија парични средства подарок од Општина Велес, која го организираше овој натпревар.

Годинава и градот и улиците од централното подрачје се вкусно украсени, иако кај мал дел од јавноста имаше и поинакви критики. Но тие што критикуваа требаше да се покажат на дело, да ги украсат нивните дворови, тераси за да покажат какао изгледа нешто што е убаво, за да се има пример за догодина.

АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »