речник контакт

Најбрз гол во мак фудбалот во Велес, стрелец Пановски

За само десет секунди во Велес постигнат гол, во првенството од Третата лига југ

Петар Печков

По само десет секунди Александар Пановски од ФК Борец од Велес   постигна гол  со стана меѓу најбрзо постигнатите во земјава.    Тој во 23-тото коло од Третата лига Југ  се запиша во листата на стрелците на брз и ефектен начин. По изведувањето на почетниот удар, беше проиграно левото крило, кое  брзо продре, нафрли на работ на шеснаесетникот а  Пановски со силен удар го погоди голот, откако и гостинскиот голман слабо интервенираше.

Така почна голедата на Градскиот стадион во Велес,  каде Борец славеше со високи 8:0 против екипата на Сирково.  ВО ФФМ не располагаат со евиденција  кој е најбрзо постигнатиот гол во Македонија. Но секако овој на Пановски е на врвот. А ФК Борец брка и друг рекорд, да го заврши првенството во овој ранг без пораз. По 23 одиграни натпревари велешани се први со 19 победи и три нерешени средби, а до крајот на првенството остануваат уште седум кола.

АНКЕТА »

Каде одмарате летово?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »