речник контакт

На Велешко езеро Младост фатена група рибокрадци

Во време на ловостој уловите 17 кг сом, 15 кг крап и 3 кг амур.Вредноста на оваа уловена риба е околу 500 евра на црниот пазар.

Петар Печков

 Утрово , среда во 3 часот на велешкото езеро Младост откриена група на рибокрадци.  Нив на дело ги фатиле   членови на  ЗСР Бабуна од  Велес  и рибочруварската служба.  Лицата   ловеле незаконски во време на ловостој и време на мрест, на терен каде е обележано дека е забрането фаќање риба и тоа во периодот  од 15 февруари до 31 јули, во заливот викан Бела вода.   

Групата броеше две лица  со  логистичка поддршка од 5 други.  Оваа група ја гониме една година, и конечно успеавме да ја фатиме на дело.  Беше силно организирана и има  поединци од велешката полиција, кои ги информирале кога имаме акција. Затоа оваа беше мошне внимателно и тајна изведена, а полицијата ја повикавме кога бевме на терен - вели Ѕвонко Мечалов, претседател на Здружението на спортски риболовци Бабуна.  

Во автомобилот на рибокрадците  биле пронајдени 15 килограми крап, 17 кг  сом и 2,5  кг амури, 4 метри мрежи од 250 метри, специјално наменет  за  улов на крап и сом. Рибата била жива и веднаш е вратена во водите на езерото.  Вредноста на оваа уловена риба е околу 500 евра на црниот пазар. 

Рибокрадците добро го знаеле теренот, точно знаеле каде да ги постават мрежите. Тоа е во заливот, лево до мотелите. Не им е прв пат, многу време го работат. Често пати оваа група ни бегаше, се спасуваше. Лицето кое е фатено е најозогласен рибокрадец во Велес и Македонија, многу познат е во оваа работа. Го чекавме од 9 навечер до 3 наутро, кога го фативме. Рибокрадците се опасни луѓе,носат со себе нож, оружје, и не се кријат се закануваат, по нас, фамилијата, животот, имотот -рече Томе Илиевски, секретар на ЗСР Бабуна.

Дел од неа завршувал и во некои велешки ресторани а од ЗСР ,,Бабуна,, барат надлежната пазарна инспекција да испита од  каде потекнува рибата во некои од рестораните во градот., посебно видот ,,смуѓ,, кој бил забранет за лов а често се наоѓал на трепезата.   Од велешката полиција информираа дека против сторителите ќе поднесат соодветни пријави.   

АНКЕТА »

Дали учениците од 1-ви септември треба да тргнат на настава во училиште?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »