речник контакт

На Томина недела на црквата Св. Недела (фото)

Каменот на среќата, за здравје на сите кои ќе минат низ тесниот отвор

Петар Печков

Меѓу повеќето параклиси околу манастирот  Св. Димитрија  во близина на Велес,  над утоката на реката Тополка во Вардар се наоѓа црквата Св. Недела.  Тука околу се и   Св. Петка, Св. Никола, Св. Јован. 

Оваа црква  оживува два пати во текот на  годината на Св. Тома и на Св. Недела. Така беше и денес, недела, кога бројни велешани дојдоа да запалат свеќа за здравје, оставаа дарови на црквата.

Една сограѓанка остави јамболија, да се најде за убаво.  Кон црквата води прилично стрмна патека. Црквата е  на шилеста карпа,  на височина од околу стотина метри и надвисната на реката Тополка од нејзината лева страна, при самото нејзино устие во Вардар, а од источната страна над  пругата Велес — Гевгелија.  

Велешани масовно ја посетуваат во првата недела по Велигден,  на Томина недела и на Св. Недела во јули. Црквата Св. Недела е блиску е  до  „Калето" од Стариот Град Велес и во свое време му служела како храм за овој локалитет.

Црквата  изгледа како нова поради зачуваноста и надворешниот облик за разлика од фреските,  кои според стручните лица  потекнува од време на византискиот период. 

Повозрасните велешани доаѓаат тука  со чергиче, дипличе,  седнуваат и задолжително се јаде, се каснува нешто, за здравје.  Дел од гостите што доаѓаат тука, го посетуваат и каменот на среќата, други и не знаат за него. Тој се наоѓа на дваесетина метри од црквата и низ него има дупка, премин низ кој луѓето минуваат.

За овој камен знаеме по кажувањето на баба Деница кога бевме уште деца. Таа ни објаснуваше дека треба три пати да се мине низ него, низ овој отвор. Се мине за здравје пред се  болни дечиња како и за среќа. Треба да се мине три пати или еднаш. Овие места даваат помош ама треба да се има и силна верба во Бога. Некој наоѓа спас за душевно здравје, друг за рожба – вели посетителка, која  умешно се спушташе низ тесниот отвор. 

Местото е стрмно а веднаш под него е амбис и реката Тополка, но до сега никој не се  повредил, не се лизнал или паднал.  И додека едни зборуваат дека се зема камен и се замислува желба, се чува една година и следната се фрла во отворот, други оставаат пари во  преминот.  Едни велат се мине еднаш, други три пати.

Се слушаат различни толкувања  различно се зборува за задачите кои треба да се извршат, секој нешто слушнал, но сите со една  желба, верба за здравје.  

Сите храмови кои се околу манастирот Св. Димитрија се поврзани со некој мит, легенда дека се лековите  преку водите. Црквата .Св. Недела е поставена  на една нерамна карпеста височина, прилично стрма над брегот од реката Тополка.

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »