речник контакт

На концерт на метал групи во Солун

Opeth од Шведска и Stonebringer од Грција. Има велешани кои не се палат на Цеца и друштвото

Петар Печков

Во саботата вечер во  Principal Club Theaterбп Сoлун се одржа концерт на   метал  групите  у Opeth од Шведска и   Stonebringer од Грција

 Пред околу илјада фанови, од кои стотина беа од Македонија, жестока свирка и одлична атмосфера создадоа двете групи.    Први настапија  Грците  Stonebringer  и за нивниот настап од 45 минути го промовираа во живо нивниот албум  Those Winds, издаден 2014 година.

 Во вжештената атмосфера во салта во Солун  настапија Швеѓаните Opeth. Тие во 104минутниот настап   отсвиреа избор од своите  нумери  во целата кариера.   На концертот во Солун присуствуваа и неколкумина велешани а фотографиите се од Борче Стојанов, кој како жесток следбеник на ,,металот,, приставува на сите концерти на Балканот, Загреб, Белград, Софија.

 Од Солун за ТРМР Борче Стојанов 

АНКЕТА »

Дали учениците од 1-ви септември треба да тргнат на настава во училиште?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »