речник контакт

Невладината ЦИВИЛ бара од Велес набљудувачи за изборите

Тие ќе бидат активно вклучени во проектот 60 дена пред денот на изборите

Петар Печков

Граѓанското здружение ЦИВИЛ – Центар за слобода објави  јавен повик до граѓанките и граѓаните на Македонија за пријавување за позиции во проектот за изборен мониторинг – „Напред!“.

Во наредните две недели ќе бидат селектирани над 180 кандидати за различни позиции. За селектираните кандидати, ќе се обезбеди обука од врвни познавачи на изборното набљудување од составот на ЦИВИЛ и ГОНГ(Хрватска).

 Најважно е кандидатот да има човечки квалитети. Познавањето на аметријата има влијание, исто како квалификациите и искуството.  Меѓутоа не се пресудни. Пресудни се моралните квалитети, дали поединецот е посветен на  работата, дали ќе биде објективен, реален во своите исполнувањето на задачите. Набљудувач не е професија, туку повик - изјави Џабир Дерала од ЦИВИЛ, кој денес пред велешани ја претстави нивната платформа за работа.

Тој објасни дека  имаат потреба за двајца долгорочни набљудувачи од Велес, и краткорочни  кои ќе бидат на терен во друг град,, во некој од другите 14 региони за да се избегнат влијанија и притисок врз нив.  Мобилните тимови ќе набљудуваат на територија на цела Македонија.  

Проектот предвидува учество на 14 долгорочни набљудувачи (регионални координатори) и 14 асистенти на координаторите кои ќе бидат активно вклучени во проектот 60 дена пред денот на изборите, 150 краткорочни набљудувачи (на денот на гласање) и мобилни тимови за мониторинг и поддршка.

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »