речник контакт

Несекојдневна ,,Жени во народно собрание,, виде публиката на Стоби

Публиката со аплауз ги испрати актерите кои ја пееја Миљацка на Бешлиќ, играа тенис Ѓоковиќ Надал. Среда вечер „Евридика“ на Драмски од Скопје

Петар Печков

 Повторно пеење, музика но и контакт со публиката видоа гледачите на претставата ,,Жени во народното собрание,, која во понеделникот вечер се прикажа во археолошкиот локалитет Стоби. Тоа беше во рамките на фестивалот на античка драма.

Несекојдневен Аристофан постави режисерот од Србија Никола Завишиќ,  со театарот од Суботица, кој вметна  сонгови испеани од акерите, но и делови од познати песни Миљацка на Бешлиќ, Уз маршала Тита,  Видовдан. Тука беше и Новак Ѓоковиќ кој на кратко одигра тениски натпревар со вечниот ривал Надал. Имаше и  контакт со гледачите преку гласање за понудените песни. Сето тоа наиде на аплаузи од гледачите. Режисерот задоволен како претставата комуницираше со гледачите.   

Јас од почетокот бев шокиран како претставата преминува на публиката и како заедно комуницира ,иако српскиот јазик е нешто друго и ние се разбираме. Многу добра работа е тоа што публиката се врза за Аристофан и успеа да го испрати  тоа што тој во текстот сакал да го каже, а ние тоа максимално го почитувавме. Затоа многу сум среќен, ова ги надмина сите мои очекувања - изјави  режисерот Завишиќ.

Претставата траеше пократко од предвидените час и половина оти театарот од Суботица не добил дозвола да  ја изведе хит нумерата ,,Молитва,, на Шерифовиќ победничка на Евровизија.  

В среда вечер на програмата на Фестивалот е претставата „Евридика“ на Драмски театар од Скопје, во режија на Нина Николиќ работена по истоимениот текст на Сара Рул,  која претставува ново и поинакво видување на митот за најголемата љубов на светот и на тој начин поставува круцијални прашања за љубовта, времето, животот и смртта.

АНКЕТА »

Како го минувате времето дома во полицискиот час?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »