речник контакт

Не можел да гласа, оти веќе некој го сторил тоа наместо него

Случајот е од ИМ 2178, во поранешното ОУ Џинот. Во Велес до 17 часот висока излезност од 60 отсто

Петар Печков

На ИМ 2178 кое се наоѓа во просториите на Техничко- технолошкиот факултет дошло 20 годишно момче да гласа, но не можел. Настанот се случил околу 15,30 часот а го потврдија и од ИО и од ОИК. Дилемата останува кој гласал наместо Христијан. Тој објаснува дека отишол да гласа и на големо изненадување во избирачкиот список, неговото име и презиме веќе биле заокружени  па дури имало и потпис.

Откако видоа дека немам мастило на мојата рака ги прегледаа документите,  личната карта увидоа дека сум гласал иако јас тоа не го сторив. Дури и потписот  на моето поле во избирачкиот список беше сличен со тој од личната карта. Ме вратија, отидов до ОИК каде поднесов  жалба, па сега чекам да видам што ќе се случи. Знам дека не гласав а моето право беше злоупотребено од некој  друг – рече Христијан Јорданов.

Од ИО го потврдија случајот дека имало реакција од граѓанин, кој дошол да гласа но  неговото избирачко право веќе било извршено. ОИК информираше дека жалбата е доставена до ДИК која ќе одлучува по неа. Забележани во Велес  беа и педесетина случаи на лица кои ги немало на избирачкиот список, иако тие објаснува дека на претходните гласања, тоа го правеле на истото избирачко место.

АНКЕТА »

Дали учениците од 1-ви септември треба да тргнат на настава во училиште?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »