речник контакт

Николовски првак во К-1 на диви води

Спасиќ втор, Стефановски трет. Папазов и натаму најдобар во Ц-1. Се возеше на патеката на Вардар во Велес

Петар Печков

Атанас Николовски освои две злата и едно сребро на државното првенство во кајак, кое се одржа  на патеката на реката Вардар во Велес.   

Тој стана   првак на Македонија во К-1, беше член на победничката  екипа  во 3хК-1  и втор во Ц-1. Неговиот клупски колега Љубомир Спасиќ исто така член на  ККК Илинден 90 од Скопје беше втор  во дисциплината К-1 а трет беше Игор Стефановски член на ККК Вардар од Велес. 

Во Ц-1  државен првак стана Роберт Папазов од ККК Бабуна Велес а трет беше Далибор Божинов од ККК Ластовица од Скопје. Во 3хК1 победи екипата на Илинден од Скопје во состав Бражански, Спасиќ и Николовски.

Во екипна конкуренција победи Скопски Илинден 90 пред Вардар и Вила Зора од Велес.  На ова Државно првенство учествуваа  триесетина кајакари од   седум клуба од земјава а организатор беше ККК Бабуна од Велес.  Тоа беше последен официјален кајак натпревар  за годинава во Македонија.

АНКЕТА »

Дали попустите за „Црниот петок“ ги оправдаа очекувањата?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »