речник контакт

Ни од втор пат не се продаде Хотелот во Горно Врановци

Не се јави ниту еден заинтересиран за објектот, за кој се води постапка пред Уставен суд

Петар Печков

Јавната лицитација за хотелот во Горно Врановци која денес требаше да се одржи во просториите на општина Чашка не се одржа. Откако во најавениот термин ниту едно лице не се јави со потребната уплата, комисијата за јавно наддавање заклучи дека нема заинтересирано и дека продажбата нема да се одржи.Почетната цена беше 400 илјади евра а претходната лицитација половина милион евра,

Натамошната постапка дали ќе се оди со нова пониска цена или објектот ќе се продава со непосредна спогодба, ќе се одлучи дополнително. За разлика од минатата лицитација, овој пат таа беше јавна и нeа  беа присутни дописниците  на ТВ Телма и  на Дневник им беше дозволено да присуствуваат на истата.

Подарувањето на  хотелот во Горно Врановци од општина Велес на општина Чашка е ставено вон решение според Државниот инспекторат за локалана самоуправа. Поради тоа овој чин на Советот на општина Велес е пред Уставен суд, кој ќе решава за неговата судбина.

АНКЕТА »

Дали користите велосипед во Велес?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »