речник контакт

Нови повисоки цени на бензините, редици на Бензинските

Сопствениците побрзаа да купат бензини по пониски цени

Петар Печков

Најавените нови цени на  бензините, создадоа редици на бензинските пумпи.  Ова покачување е прво по неколку месеци. Има и автомобили но и купувачи кои полнат канти. Се заедно доволно за  гужва.   Малопродажните цени на бензините од ноќеска на полноќ се зголемува од три до три и пол денари, а на дизелот за 2,5 денари по литар. 

Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, новата цена на Еуросупер БС-95 се зголемува за три денари и ќе изнесува 62 денари за литар, Еуросупер БС-98 поскапува за 3,5 денари и ќе се продава по 64 денари. Малопродажната цена на Еуродизелот ќе изнесува 51 денари за литар.

Цената на Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува, исто така, за 2,5 денари и ќе се продава по 39,50 денари.

Зголемување има и на малопродажната цена на мазутот М-1 кој ќе се продава по 23,456 денари за килограм.

АНКЕТА »

Дали на Велес му е потребна освен постојната градска линија Автобуска- Железничка - Превалец и обратно , уште една линија на друга релација?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »