речник контакт

Нови стандарди за меѓусебна соработка

Заврши театарскиот фестивал ,,Дамите покрај езерото,, проект за меѓугранична соработка Македонија -Грција

Петар Печков

Со две премери, со еден концерт и три исполнети сали во Велес  заврши Фестивалот  ,Дамите  поркај езерото,,. Тој  беше во организација на Фестивалот на античка драма ,,Стоби,,  а финансиски поддржан од ЕУ преку проект за меѓу гранична соработка помеѓу Македонија и Грција. Од Грчка страна дел од проектот беа   Здружението за  култура ,,Преспа,, од  Лерин  - Грција, како и   Организацијата за родова еднаквост од Атина.

 Двете здруженија  не спојува Преспанското езеро и затоа проектот и фестивалот е именуван  ,,Дамите на езерото,,.  Централна точка во претставите  беа жената, како мајка,  како ќерка, како љубовница, како создавач.  Во сите претстави има и музички  етно - фолкор -   изјави  Зоран Љутков,  директор на ФАД Стоби.

 За Фестивалот во Велес, владееше голем интерес, салонот на велешки театар за сите   три изведби беше преполн.  Публиката ги виде премиерите на ,,Медеја,, од Сашо Димоски во режија  на Ненад Витанов, ,,Жените од подземјето,,  од Андреј Цветановски и концертот на групата Фолтин. Меѓу бројните гости беа и дел од учесниците на проектот од грчка страна.

Идејата беше  едноставна, да  се  создаде нова институција  која ќе понуди нови стандарди за помеѓу гранична  културолошка соработка, не само нов фестивал. ЕУ го препозна тоа, финансиски го поддржа за да се воспостави една подолгорочна соработка  - рече Алекс Деспотопулос  претставник на Здружение Преспа   од Преспа.

Тие како дел од овој на пролет  треба да  издадат и книга за жените на  овој регион, Повардарјето и  Грчкиот дел на Преспа.  Кон крајот на месецов публиката во Лерин ќе има можност да  ја види претставата  ,,Жени од подземјето,,  во која Цветановски ги преплетуваа приказните за Медеја, Антигона, Електра и Алкестида  и нивната средба со Хад, грчкиот Бог на подземјето.  

Грчката претстава ,,Античка крв,, на Софија Спирату велешката публика ја виде на ланскиот фестивал ,,Стоби,, . Во неа е раскажана заедничката приказна за хероините Антигона,  Клименестра, Електра и  Агава.  При тогашното гостување во Велес, во септември, Спирату  изрази задоволство од соработката.

 Ве поздравуваме со зборовите на големиот грчки поет ,,Ви давам збор, ви давам рака,,. Што ќе рече дека преку културата и цивилизациските придобивки ние можеме да бидеме едно - беа зборовите на Спирату. Директор на Фестивалот во Лерин (Флорина) е Јоргос Јанис, поранешен министер за култура и спорт во Владата на Грција. При гостувањето на грчите актери  во Велес, дојде и еден автобус грчки туристи кој два дена беа гости во Велес и ја гледаа претставата.

АНКЕТА »

Како да се надмине состојбата со големиот број заразени лица, позитивни на ковид-19?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »