речник контакт

Нови бесплатни гробни места за социјални случаи

Новите гробни места се на гробиштата во Раштани

Петар Печков

Откако се искористија досега расположливите  бесплатни гробни места, кои беа наменети за лица со посебен социјален случај, бездомниците  или лицата кои немаат блиски, се јави  потреба од нови вакви гробни места. Поради тоа  локалната власт додели две, а по барање на Центарот за социјални работи од Велес.  

Постојното гробно место кое служеше за погреб е повеќекратно искористено, и потребно е ново. Во нив се погребуваа лица социјални случаи, лица кои живеат во социјални установи  и немаат свои блиски или бездомници - велат од велешкиот Центар за социјални работи.    

 Од локалната власт барањето било разгледано, препратено  до ЈКП Дервен, кој управува  со градските  гробишта и на истото е позитивно  одговорено. На последната седница на Советот  ова барање беше прифатено и доделени се  две нови на гробиштата во Раштани. 

Од Јавната установа меѓуопштински центар за социјална заштита Велес до  Општина Велес пристигна барање за доделување на две гробни места за погребување на лица сместени во социјални установи и лица кои немаат блиски сродници без надоместок. Општина Велес испрати допис до ЈКП „Дервен“ за определување на локации на гробни места. Од  нивна страна пристигна известување за определените локаци. Притоа, според Законот за гробишта и погребални услуги донесена е  Одлуката - изајвија од Општина Велес. 

АНКЕТА »

Како ќе ја помните годината зад нас, 2019-та?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »