речник контакт

ОБСЕ против нацрт закон за медиуми

ОБСЕ целосно ја отфрла идејата законската одредба за регистрација на медиумите, печатени и електронски. Образложението е дека регистрацијата целосно може да ја загрози слободата на медиумите.

Петар Печков

Претставникот на ОБСЕ за слобода на медиумите, Дуња Мијатовиќ,  изрази загриженост дека новиот предлог-закон за медиуми и аудиовизуелни медиумски услуги ќе ја ограничи слободата на медиумите во Македонија. "Постојат голем број на прашања на загриженост во сегашниот нацрт-закон, како што се ризикот од преголемо регулирање и непотребни ограничувања што ќе се однесуваат и на онлајн и традиционалните медиумите. Ако се имплементира, овој закон може да ја ограничи слободата на медиумите во земјата ", рече Мијатовиќ.

Мијатовиќ ја поздрави подготвеноста на македонската влада да ги разгледа коментарите и препораки за нацрт-законот. "Ја цениме соработката помеѓу мојата канцеларија и властите во Скопје. Позитивно е тоа што периодот за јавни дебата за законот беше продолжен . Исто така се надевам дека препораките од оваа анализа ќе помогне во усогласување на законот со заложбите на ОБСЕ во земјата и меѓународните стандарди за слободата на медиумите ", порача Мијатовиќ од Будимпешта, каде учествува на семинар против говорот на омраза .  Негативната оценка на Мијатовиќ за нацрт законот е поткрепена на анализата на меѓунардониот експерт , Катрин Нојман-Меткалф, што ОБСЕ го ангажирал за експертиза на македонскиот закон за медиуми.

Забелешките на ОБСЕ за владиниот нацрт-закон за медуми, во целост соодветствуваат на забелешките на ЗНМ, Синдикатот и МИМ, кој денеска беа доставени во Министерството за информатичко општество и администрација. ОБСЕ целосно ја отфрла идејата, или поточно, законската одредба за регистрација на медиумите, печатени и електронски, со зборовите- тааодредба треба да биде избрише. Образложението е дека регистрацијата целосно може да ја загрози слободата на медиумите.
Дефиницијата на електронски публикации (интернет портали, блогови и сл.) се смета како за премногу широка и оттука ризикот за ограничување на слободата на медиумите.
Дефиницијата на уредник и на новинар се отфрла, саморегулацијата и формалната регулација се смета дека не се соодветно регулирани и оттука ја замаглуваат разликата и со тоа и ограничувачки карактерот на саморегулацијата. Слободата на изразување се смета дека како дефиниција остава простор за ограничувања.

Интегралниот текст на анализа на ОБСЕ можете да ја најдете на следниот линк: http://www.osce.org/fom/102135

Текстот е преземен од Здружението на новинари на Македонија

АНКЕТА »

Велес е еден од малкуте градови во Македонија, кои немаат пешачка зона во центарот на градот. Дали сте за улица 8-ми септември од Сармаале до споменикот на Илинденците да биде затворена за сообраќај а тој дел пешачка зона?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »