речник контакт

Ограбен банкомат на Комерцијална во Велес со 2,5 милиони денари

Сторителот/те влегле насилно во дуќанот, па насилно ги одзеле касетите полни со пари

Петар Печков

Ноќва во непознат термин, банкомат на Комерцијална Банка,  лоциран во Нова Населба е ограбен од еден или повеќе сторители.  Иако еден до друг биле два банкомати, вториот на Халкбанка,   сторителот/те се одлучиле за тој на Комерцијална Банка.  При кражбата одзеле околу 40 илјади евра. 

Утрово  во 4,30 ч. е пријавено дека непознат сторител,  со употреба на сила и подесен алат, насилно ја отворил влезната  врата на  трговски објкет лоцирна  на ул.  Благој Ѓорев бр.96, влегол внатре  и со употреба на сила и подесен  алат делувал на вратата од сефот на банкомат сопственост на Комерцијална Банка Скопје. При тоа одзел три  касети со пари, во  кои според пријавата на  банката имало 2.530.500 денари - изјави Анита Стојковска портпарол  на СВР Велес.

 Полицијата извршила увид на местото од настанот и најавуваат дека превземаат мерки за расветлување на случајот. 

Вработените во трговскиот објект, каде има повеќе штандови, објаснија дека нив во 4,30 утрото ги викнале соседите од блискиот киоск, со информација дека вратата  е  отворена. Кога дошле виделе дека од внатрешна страна  е отворен,   едниот од двата банкомати и од него се одземени касетите каде се чуваат парите.  

Додаваат дека од ниту еден штанд е е одземена роба која тие ја продаваат.  И се пожалија дека  откако дошле утрото во 4,45 часот чекале два и повеќе часа,  чувале стража,  додека  дошла увидната екипа на полицијата  во 7 часот.

АНКЕТА »

Колку сте задоволни од настапот на македонските репрезентативци на ЕП во одбојка?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »