речник контакт

Одбележан Денот на Европа

Иако ја посакуваме никако да дојдеме во Европа, па затоа овој ден, 9-ти мај е добредојден да ја почуствуваме Европа кај нас.

Петар Печков

Во салата „Гемиџии‘‘ во Велес по повод Денот на Европа се одржа мини европско првенство во мал фудбал на кое настапија екипи на велешките средношколци. Европски првак стана Белгија (ученици од Коле Неделковски) која со 6:1 во финалето ја победи Литванија (Хемиска). Во борбата за третото место Италија ( Гимназија) ја победи Луксембург (Економска) со 4:1.

Воедно во ОУ „Блаже Конески‘‘ ученици од велешките училишта  на посебни штандови  ги  претставија карактеристиките  и културата на некои од земјите членки на ЕУ. Годинава тоа беа  штандови на Белгија, Летонија, Италија и Луксембург.

Манифестацијата беше  збогатена и со настапот на културно-уметничките друштва  „Керамичар‘‘, „Коле Неделковски‘‘ „Вила Зора‘‘ и „Бирлик‘‘.

Според организаторите, целта на оваа манифестација која веќе е традиционална во Велес, е граѓаните да се запознаат поблиску со историјата, географијата, културата на земјите членки на ЕУ.


Организатор се Општина Велес, ЕУ Инфо точката-Велес, ЕУ Инфо-Центарот–Скопје и Делегацијата на ЕУ во Република Македонија.

АНКЕТА »

Колку сте задоволни од настапот на македонските репрезентативци на ЕП во одбојка?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »