речник контакт

Одбојкарите завршија со плеј оф настапот

Пораз и за фудбалерките

Петар Печков

 
Одбојкарите на ГОК Борец загубија со максимални 3:0 ( 24, 23, 27) од екипата на Пробиштип ВА.  Беше тоа израмнет и возбудлив натпревар, во кој се играше  за секоја топка, смеч а сите три сета завршија на  разлика.  Домаќините можеа да бидат и со подобар резултат, оти во првиот сет водеа со 20:15 па го изгубија во 24.26 Во третиот имаа дури шест сет топки 24:19, но беа поразени со 29:27.

Со овој пораз заврши настапот на ГОК Борец во полуфиналето на првенството, оти ОК Пробиштип има две победи. Ова беше и крај на годинашниот  настап на одбојкарската екипа, која по пет години пауза се врати  на одбојкарската сцена во Македонија. Во финалето за титулата првак ќе играат ОК Струмица и ОК Пробиштип. 

По две недели пауза продолжи првенството од Првата лига во фудбал жени. Борец дома со 4:0 загуби од лидерот Истатов, кој со ова е на прагот на првата титула. По ова 14 коло ЖФК Борец е седми со 13 бода . Во следното коло за две седмици Борец повторно е домаќин и пак на кандидатот за првак, второпласираната екипа на   Драгон 2014.

АНКЕТА »

Како го минувате времето дома во полицискиот час?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »