речник контакт

Од старо железо и камен се создаваат уметнички дела

Во Велес во тек е првата скулпторска колонија на која работат шест автори

Петар Печков

Две седмици шестмина автори работата на првата скулпторска колонија која се одржуваа во Велес. Тие творат на старо железо и на камен, чии дела потоа ќе бидат поставени на јавните површини во градот. 

На колонија учествуваат  Горан Ѓорев  (Демир Капија), Горан Стаменков (Скопје), Илчо Стојановски (Велес), Весела Стаменова (Софија, Бугарија), Павел Василев (Софија, Бугарија) и Никола Ненадиќ (Риека, Хрватска).Четворица од авторите работат со метал а двајца со мермер.    

Создадените дела ќе бидат дел од градското живеење. Ќе бидат поставени на парковски површини. Има неколку локации кои општината како организатор ни ги понуди и авторите работат според содржините кои се во околината   - кажа   Илчо Стојановски,  технички координатор на скулпторската колонија. 

Тој во мермер ја   работи ,, блажена,, која планира  да биде поставена во паркот кај Офицерски.   Меѓу авторите е и Весела Стаменова од Софија Бугарија. Таа од метал го работи  ,,ангел,, кој посакува да биде околу црквата Св. Кирил и Методиј,,. 

Сите имаме потреба од свој ангел, кој е наш чувар. Еве јас на Велес ќе му подарам еден, кој ќе биде негов чувар - рече Стаменова. Таа веќе имала гостувано во Македонија на колонии во Струмица и Кнежино- кичевско. Таму била со нејзиниот колега  Павел Василев. Тој од отпад, од железо создава танчерка, која вели убаво би прилегала пред зградата на велешки театар.  

Во Кичево имам изработено и изложено десет мои скулптури, еве сега му подарувам една и на Велес. Секој уметник има инспирација, но во даден момент реализира некоја од нив , која е постојано присутна во него. Животот  два многу теми и идени и кога ќе дојде моментот излегува  во јавноста - објасни Василев. 

Скулпторите творат во  работилница на фирмата „Пескара Вел”, која отстапи свои простории за потребите на колонијата а поради специфичноста на работата. 

АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »