речник контакт

Опожарена продавницата и автомобил во Ореше

Полицијата лишила од слобода две лица

Петар Печков

 Сопственикот на селската продавница во село Ореше ноќеска остана и без продавница и без автомобил.  Ноќеска околу  полноќ Ѓ.Ѓ.  во полиција пријавил дека автомобилот марка мерцедес и продавницата  се опожарени. Од велешката полиција го потврдија настанот.

Имаме телефонска пријава  дека се опожарени  продавница во село Ореше и  автомобилот марка „мерцедес“ кој бил паркиран до продавницата. Тие се сопственост на лицето Ѓ.Ѓ. две лица се лишени од слобода и задржани во просториите на полиција  изјавија од СВР Велес.

Веднаш е постапено по пријавата, излезено е на лице место  и во моментов се уште трае увидот. Оштетениот е дедо по сопругата, на Златко Арсовски, познат како заштитниот сведок Бреза во случајот убиството во село  Ореше. Пред 8 години, ноќта помеѓу 31 јануари и 1-ви февруари сред село, во непосредна близина на сега опожарената продавница, изгоре селската амбуланта и тогашната продавница. Сторителите за тоа добија по 4 години затвор. 

АНКЕТА »

Како ќе ја помните годината зад нас, 2019-та?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »