речник контакт

Орото ,,Копачка,, заштитено од Унеско

‘Копачката‘ е динамично и енергично, друштвено оро изведувано од жителите на селото Драмче во регионот на Пијанец, Делчевско

Петар Печков

Машкото оро „Копачка“ од селото Драмче, кое во пијанечкиот крај се негува уште од 1948 година како оригинален фолклорен производ на ова географско подрачје, е ставено под заштита на УНЕСКО, со што му е дадено значење на светско нематеријално културно богатство.

 ‘Копачката‘ е динамично и енергично, друштвено оро изведувано од жителите на селото Драмче во регионот на Пијанец. Орото се игра на свадби, јавни собирања и верски празници од страна на најдобрите играорци од селото. Се изведува во полукруг во придружба на тапанари, виолина и понекогаш тамбура или гајда.

Главната улога ја има ороводецот, кој го иницира орото, како и последниот играорец и оној во средината кој се однесува како точка на ротација, и ги држи во рамнотежа левата и десната страна од полукругот. За време на орото тие меѓусебно се држат за појасите со вкрстени раце, за да се осигура стабилноста на нивните забрзани движења.

Орото почнува со бавно чекорење, потоа се менува во брзи и кратки чекори, проследени со уште побрзи чекори и тропање со нозете „Орото ‘Копачка‘ е во рангот на ‘Тешкото‘.  Со „Копачка“, Македонија по вторпат се најде на репрезентативната листа за заштита на нематеријалното културно наследство на УНЕСКО по минатогодишното впишување на обичајот „Четрсе“ од Штип.

АНКЕТА »

Какви специјалистички здравствени услуги користите?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »