речник контакт

Осумина повредени во две сообраќајки на автопатот близу Велес

Учествувале три автомобили од кои два се странски, германски и француски. Загина и тракторист откако излетал од патот...

Петар Печков

Во две одвоени сообраќајни несреќи кои се случија понеделникот попладне  и вечер повредени се осумина лица дел македоснки дел германски државјани. Едното лице  е во тешка здравствена состојба, додека другите се со полесни повреди, некои и пуштени дома.

Во сообраќајките учествувале три возила од кои две се на странски државјани, Германци и Французи. Првата сообраќајка се случила  во  14,50 ч. на приодот за село Паликура, на автопатот Скопје - Неготино.   Втората е во вечерните часови во 22,10 ч.  близу мотел Македонија, крај Велес.

Во сообраќајката кај селото Паликура е дојдено откако патнички автомобил марка шкода фаворит, со неготински регистраски таблички удрил во цитроен Ц5 со франсуски регистарски таблички, кое било сопрено на крајната десна лента,  која служи за принудно запирање.  Во несреќата три лица 51 годишен возач, и сопатници на 68 и 46 години се повредени и пренесени во велешката болница. Во сообраќајката близу мотелот Македонија, дошло кога автомобил марка ,,мерцедес,, со германски регистарски таблички, управуван од   56 годишен возач, германски државјанин, удрил во бандаж кој бил на коловозната летна, по што возачот изгубил контрола и удрил во металната ограда од  десната страна  на автопатот, по што се превртел на левата страна од коловозот. Од тумбањето повредени се четворицата сопатници 43 годишна жена и деца на 16,13 и 9 години. Сите се префрлени во болницата во Велес - изјавија од СВР Велес.  

Од Општата Болница Велес информираа дека понеделникот  попладне и вечер примиле на хиришкото одделение осумина пациенти, кои биле повредени во две одвоени сообраќајни несреќи.

 Најтешко повреден е највозрасниот учесник 68  годишен сопатник, од првата собораќајка.

Тој е во трауматски шок, со повеќе скршеници на десната рака и нога. По реанимацијата е пратен на трауматологија во Скопје. Другите двајца повредени се со полесни повреди а едниот замина од установата. Учесниците од втората сообраќајка, странските државјани се со полесни повреди и по ноќта мината во Болницата, утрово се пуштени на домашно лекување - изјави д-р Петре Кодовски портпарол на ЈЗУ Општа Болница Велес. 

Кавадарчанец загина  откако со тракторот излетал од патот 

Кавадарчанец загина во сообраќајка, откако со неговиот трактор излетал од патот. Несреќата се случила во понеделникот напладне околу 14,30 часот на локалниот пат Кавадарци - село Старагово, кај местото Ладно долче. Според полицијата до несреќата дошло откако тракторот марка ИМТ 539, управуван од Зоран Л. ( 49 год) излетал надвор од коловозот од засега непознати причини.   Од здобиените повреди возачот починал на лцие место а увид извршил јавен обвинител и  екипа на ПС Кавадарци.

АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »