речник контакт

Парите за Киро Ќучук уплатени

Остана само уште да се потпише договорот за купопродажба, по што фабриката ќе премине во владение на Еуро брик компани

Петар Печков

Мешовитата македонско -турска  компанија ,,Еуро брик компани,, го уплатила  остатокот од парите, со што е направен чекор напред кон завршувањето  на продажбата на овој стечаен  имот. Деновиве компанија уплатила   45,4 милиони денари колку што било потребно како разлика  до понудената цена, оти при  пријавувањето беше должна да уплати 10 отсто од преоценетата вредност. А тоа  беше 22,6 милиони денари. Ова го  потврди  и  стечајниот управник.

Уплатени се парите,  плус ДДВ. Следува   донесување на решение од страна на велешкиот суд, за одобрување на продажбата. Тоа е основ за  пренос на сопственоста на новите сопственици. По ова останува да се  потпише договорот, по што новите газди ќе го добијат на владение Киро Ќуќчк - изјави Ацо Петров, стечаен управник  на некогашната циглана. 

 Од вкупната маса на собрани средства од продажбата прво се одделуваат пари за стечајната постапка, каде влегуваат и за исплата на три плати на вработени кои се нашле во работен однос во фабриката на денот на отворање на стечај. Потоа се одделуваат за развлачна обврска каде единствен доверител  е  Тутунска Банка, по што следат останатите доверители, процентуално  согласно со нивниот удел во побарувањата. 

АНКЕТА »

Дали состојбата со ковид-19, го промени начинот на живот кај Вас?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »