речник контакт

Патнички воз повреди жена на станицата во Теово

На старицата која со дел од телото завршила под возот, отсечено и е десното стопало

Петар Печков

Е.Д. ( 80 год) е тешко повредена откако се симнувала од патничкиот воз кој сообраќа на линијата Скопје – Битола. Несреќата се случила во станицата на село Теово околу 21 часот.

Старицата кога се симнувала од неразјаснети причини паднала и завршила со дел од телото  под  моторниот воз, популарен ,,шпанец,, кој  и ја  зафатил едната нога, десната и  го отсекол  стапалото објаснуваат сведоците. Поради тежината на повредите Е.Д. веднаш е пренесена на Клинички во Скопје, информира од велешката Болница.

Старицата, чиј сопруг бил вработен во МЖ била за Скопје да ја подигне пензијата и несреќата и се случила на прагот од домот, бидејќи живеела во куќа  до станицата. Истрагата ќе треба да покаже како дошло до несреќата, зошто старицата паднала и нејзината нога завршила под возот.

АНКЕТА »

Како ќе ја помните годината зад нас, 2019-та?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »