речник контакт

Петмина доктори од велешката Болница на листата за стоте најдобри во октомври

Ѓорѓевиќ, Јовановска, Кодовски, Леов и Спасовски имале најмногу извршени прегледи и операции

Петар Печков

 Дедо Мраз стигна за петмина велешки  доктори од  јавното здравство, од  ЈЗУ Општа  Болница Велес, кои ќе добијат уште една плата оти се  на листата за најдобри за  месец октомври.  

Како и претходниот месец меѓу најдобрите се   д-р Мила Ѓорѓевиќ - офтамолог и д-р Нада Јовановска физијатар.  Останатите тројца се  Петре Кодовски  хирург,  Љупчо Леов ортопед и Марјан Спасовски радиолог. 

Како награда докторите  добиваат посебно признание и паричен надомест во висина од нето плата, во која се вклучени сите додатоци на плата на здравствениот работник (двојна плата) за месецот за кој постигнале најдобар резултат.

Изборот е направен според воспоставени критериуми, како што се бројот на извршени прегледи и операции евидентирани во Националниот систем за електронски евиденции во здравството - Мој Термин.

 Листата на докторите специјалисти   се однесува на докторите од секундарното и терцијарното здравство, кои според Министерството се движечка сила во  своите  институции.

АНКЕТА »

Дали состојбата со ковид-19, го промени начинот на живот кај Вас?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »