речник контакт

Петтиот турнир во одбојка на песок заврши

Пет дена велешани гледаа интересна и возбудлива одбојка на песок

Петар Печков

Пет дена на игралиштето покрај ракометното во Градскиот парк, се играше одбојка на песок. Во повеќе категории околу стотина учесници се натпреваруваа во овој атрактивен спорт.

Кај сениорите победија   Дејан Димовски и  Саше Ивковиќ а втори  беа Боријан Давчевски и Благој Гинов, додела трети беа Жаре Колев и Горјан Јорданов.

Кај сениорките први беа Сандра Новевска и Емилија Ивановска, пред Бранкица Блажевска и Билјана Манева а трети Викторија Јаневска  и  Емилија Ефремовска.  Кај аматерите први беа Влатко Миров и Тодор Шкортов ,

Кај младинците први беа  Жаре Колев и  Горјан Јорданов, кај младинките  Теа Терзиевска и Александра Алексовска. 

Организатор беше ОК Борец а турнирот се одржа по петти пат.

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »