речник контакт

Пливачката Ана Богдановски со нов државен рекорд на 100 метри слободно

Таа на овој митинг го освоила првото место на патеките од 50, 100 и 200 метри слободно

Петар Печков

Македонската пливачка  репрезентативка  Ана Богдановски постави нов рекорд на 100 метри слободно.

Таа на митингот во Балтимор, САД, исплива 56,35 што е за една стотинка  подобро од досегашниот рекорд, кој беше исто така во нејзина сопственост.

На овој митинг таа го освоила првото место на патеките од 50, 100 и 200 метри слободно додека на 100 метри грбно го освоила 5-тото место.  

Богдановски, која има велешко потекло,  со овие трки за почна подготовките на СП кое во август  ќе се одржи во Казан Русија. Таа ае прва македонска спортистка со обезбедена  ,,А,, норма за Олимпијадата во Рио догодина.

АНКЕТА »

Како го минувате времето дома во полицискиот час?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »