речник контакт

Побрзајте со поднесувањето на даночна пријава

Од УЈП потсетуваат не чекајте 15 март. Кој се и зошто има даночна обврска...

Петар Печков

УЈП апелира граѓаните да не го чекаат последниот рок за поднесување годишна даночна пријава со цел да се избегнат метежите на даночните шалтери. Даночната обврска граѓаните може да ја завршат и по електронски пат и по пошта.

До 15 март, до кога е последниот рок за поднесување годишна даночна пријава, Управата за јавни приходи очекува повеќе од 400 илјади граѓани да ја завршат оваа обврска.

УЈП информира дека до понеделникот, односно заклучно со 13 февруари, даночната обврска ја исполниле 51 616 граѓани.

„Апелираме граѓаните да не ги чекаат последните денови пред истекот на рокот (15 март 2017) за поднесување на Годишна даночна пријава (образец ПДД-ГДП) со цел избегнување на метежи на даночните шалтери.  Имено, заклучно со 13.2.2017 година, 51 616 граѓани ја исполнија својата даночна обврска, а во наредниот период се очекува уште над 350 илјади даночни обврзници да ги пријават приходите во УЈП, односно обврзниците кои во изминатата 2016 година, освен плата или пензија или приход од земјоделска/самостојна дејност, оствариле и други дополнителни приходи - соопшти  Управата за јавни приходи.

Даночната обврска граѓаните може да ја завршат и по електронски пат и по пошта.

Годишна даночна пријава поднесуваат граѓаните кои во изминатата 2016 година освен плата или пензија или приход од земјоделска/самостојна дејност, оствариле и други дополнителни приходи. Најголемиот дел од нив се поднесени писмено, а 251 пријава се поднесени електронски.

Задолжително поднесете Годишна даночна пријава, доколку во текот на 2016 година:

сте издавале под закуп (кирија) или подзакуп: станбен или деловен простор, гаража, земјиште, викендичка, опрема, превозни средства или друг вид на имот;

сте склучиле авторски договор, односно сте оствариле приход од авторски права и права од индустриска сопственост;

ви била исплатена дивиденда или камати по основ на заем исплатен на физичко или правно лице;

сте оствариле капитална добивка од продажба на учество во капитал (продажба на удел) и недвижен имот;

сте оствариле добивка од општите игри на среќа во износ поголем од 5 000 денари (од лото, од наградни игри…);

имате лични примања од странство за активности поврзани со работењето во Република Македонија;

работно сте ангажирани во амбасада, мисија на меѓународна организација во РМ, односно имате лични примања од дипломатски, односно конзуларни претставништва на странски држави во РМ или пак остварувате лични примања кај претставници и службеници на претставништвата кои уживаат дипломатски имунитет и сте оствариле и „други приходи”.

Не сте должни да поднесете Годишна даночна пријава доколку во текот на годината имате остварено поединечно само приход од: плата; пензија; земјоделска дејност и самостојна дејност

АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »