речник контакт

Познати местата за лепење изборни плакати, но дали се почитуваат

На места во градов можат да се најдат изборни плакати од избори и од 1998-та година.

Петар Печков

Локалната власт согласно Изборниот законик ги одреди местата каде може бесплатно да се закачува изборен политички пропаганден материјал. Ова е со цел да се  обезбедат еднакви услови за сите организатори на изборната кампања учесници во локалните избори во 2013 година.  Општината ќе го изврши одбележувањето на местата за поставување на изборните плакати за секој подносител на листи поодделно, по утврдувањето на листата на ученици во изборната кампања. 

Одбележувањето ќе се изврши рамноправно за сите учесници во изборната кампања. Изборни плакати можат да се истакнуваат и на станбени или други приватни објекти, со претходна согласност од сопственикот на објектот. Не е дозволено истакнување на плакати од кампањата на објектите каде се наоѓа гласачкото место или просторијата каде што се спроведува гласањето.

Не се дозволува лепење на изборни плакати на фасади, културно - историски споменици, спомен обележја, бисти, платанови стебла и останати стебла на дрвјата од централно градско подрачје. Во населените места во Општина Велес се дозволува лепење на изборни плакати на слободни површини погодни за таква намена, односно на станбени или други приватни објекти со претходна согласност (одобрение) од сопственикот на објектот.

Согласно Одлуката за утврдување на местата и начинот на бесплатното плакатирање на подрачјето на Општина Велес, не се дозволува поставување на изборни плакати на рекламните столбови поставени на подрачјето на Општината. Уништување на изборни плакати или лепење плаката врз плаката на други организатори на изборната кампања е забрането. Организаторот на изборната кампања е должен во рок од 30 дена по завршувањето на изборите да го отстрани сметот од плакатите.

АНКЕТА »

Дали учениците од 1-ви септември треба да тргнат на настава во училиште?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »