речник контакт

Поротниците бараат повисок надоместок или штрајк

Судскиот совет побарал средба со министерот за правда и за финансии

Петар Печков

Поротниците од неколку суда во земјава, вклучувајќи го и  велешкиот,  доставиле писмено барање до Судскиот  совет за повисок надоместок. Тие условуваат или покачување  на надоместокот    или  штрајк. 

Писмо со реакција од поротниците испратено било   од Основен суд Велес, Скопје 1, Битола, Тетово....   Нивното барање денес било разгледано на седница на Судскиот совет.

Има допис од повеќе судови, дека поротниците ќе престанат со работа.  Затоа бараме средба со Министерството,за правда за надминување на  овој проблем. Поротниците отстапиле од датумите која најавиле дека нема  да работат, но немаме информација дека се случило прекин. Се уште одат на судење, но доколку  не добијат 500 денари ќе престанат – изјави  Зоран Караџовски претседател на   Судскиот совет.

На денешната седница донесен е Заклучок претседателот на Судскиот совет на Република Македонија и заменик претседателот на Судскиот совет на Република Македонија да остварат средба со министерот за правда и министерот за финансии. 

Поротниците досега земаа 125 денари од ден за судење во Освоен суд со  основна надлежност и  200 денари од ден, без оглед колку предмети се работени во текот на денот за суд со проширена надлежност. Доколку овие барање за повисок  надоместок од 500 денари, не се обезбедат, поротници од судовите во земјава најавуваат  штрајк.

Со законски промени поротник може да биде лице само со високо  образование. Тие што беа примени, поротници мораа да полагаат психолошки тест и тест за интегритет, кои  трошоци сами ги надоместуваа.   Посетуваа и Академија по што полагаа тестови за кривична и граѓанска постапка. 

АНКЕТА »

Дали имате доволно време да му посветите на Вашето дете/деца?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »