речник контакт

По четврти пат за 15 месеци ограбено казино Адмирал

Овој пат украдени 104 илјади денари. Досега не се пронајдени сторителите од претходните три грабежи

Петар Печков

  Во понеделникот утрото  ограбено е казиното ,,Адмирал,,  во центарот на Велес. МВР информираше дека  вооружениот грабеж се случил во 7,35 ч. кога маскирано лице со закана со огнено оружје-пиштол извршил разбојништво над две вработени девојки. 

При  овој грабеж   одземени се  104.000 денари. Полицијата  презема мерки за откривање на сторителот. Ова е четврт вооружен грабеж на истиот објект последните 15 месеци. Првото беше на 11 август со одземени 284 илјади денари, на 11 февруари одземени се 112 илјади а на 15 април годинава 83 илјади денари. 

Во сите четири  случаи сценариото на вооружениот грабеж е ист, маскирани лица со закана од пиштол ги  крадат парите од двете вработени лица и бегаат. Досега не се пронајдени сторителите од претходните три  грабежи. Разбојниците за овој период исклучиво цел им е ова казино, иако во близина има други.

АНКЕТА »

Дали учениците од 1-ви септември треба да тргнат на настава во училиште?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »