речник контакт

Преку викендот порасна за 58 лица бројот на велешани во изолација

Во самоизолација се нови седум лица. Викендов полицискиот час не го почитувале четири лица

Петар Печков

СВР Велес информираше за бројот на лица кои се во изолација и самоизолација.  Во петокот  решение за    изолација  добиле  39, недела 19  или   вкупно до вчера  156 лица биле во изолација.   Пет лица потпишале изјава за  самоизолација  во петокот а две вчера во неделата, со што вкупната бројка на велешани стигна до   29. 

СВР Велес соопшти дека полициски час викендов не го почитувале   четири лица, во  петокот три, саботата  едно, синоќа нема. Од страна на полициски службеници извршени бил контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што, сите ги почитувале овие мерки, констатира велешката полиција.

Два дена редум во Велес нема нови случаи и позитивни со ковид-19.

На Инфективното одделение од велешката Болница,  денес има 25 пациенти, од нив еден е со симптоми и за него се чекаат тестовите  од земените брисеви. Од ова одделение  било пуштено едно лице, кое имало симптоми, но тестот покажал негативен резултат.  

АНКЕТА »

Дали состојбата со ковид-19, го промени начинот на живот кај Вас?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »