речник контакт

Пресметка за Велигден на кој датум се паѓа

Догодина Велигден е на 8-ми април ама затоа во 2019-та ќе има пет дена одмор, Велигден е на 29-ти а таман ќе заврши овој празник ете го Први мај

Петар Печков

Бидејќи Велигден во разни цркви се празнувал на разни датуми царот Константин го свикал во 325 година Првиот собир во Никеја на кој се расправало по ова прашање и се донесени некои решенија. Но правилата по кои денес се одредува датумот на кој се паѓа  Велигден се дефинирани дури во 526 година.

Според овие правила Велигден е секогаш по пролетната рамно дневница во првата недела по полната месечина. Секогаш е во недела но не смее да се совпадне со денот кога Евреите го празнуваат Пасха, ниту да биде пред него.

Ако е пред Пасха Велигден се одлага за првата недела по следната полна месечина, а ако се совпаднат во ист ден се одлага за следната недела. Велигден може да се падне на 35 датуми од 4-ти  април  до 8-ми мај што значи и два дена по Ѓурѓовден.

 Догодина Велигден е на 8-ми април, во 2019-та на 29-ти април (тогаш ќе се празнува од Велики петок до Први мај - ПЕТ дена)  но затоа во 2021 ќе бидат заедно, Велигден е на 2-ри мај. 

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »