речник контакт

Прибран еден тон електричен отпад во Велес

Спроведена акцијата за собирање електронски и електричен отпад и батерии

Петар Печков

Еден тон разновиден електронски и електричен отпад и батерии се собрани во акцијата која ја спроведе ЕД „Вила Зора‘‘. Во овој смет влегуваат стари монитори, телевизори,  расипани мобилни телефони и полначи, кои во некои случаи стоеле дома со години.  Организаторот акција ја оцени  како мошне успешна.

Имаме реакции од граѓани дека во нивните домови останале уште големи количества на ваков електронски отпад. Затоа на пролет ќе реализираме уште една ваква акција. Наша цел е да ги запознаеме граѓаните дека електронскиот отпад не треба да се фрла во обична корпа во смет-  изјави Сашка Коцевска  од ЕД „Вила Зора‘‘ координатор на проектот.

Со оваа акција, граѓаните  се ослободија од непотребниот електричен отпад од нивните домови и подруми, а воедно со овој чин на вклучување кон акцијата на најсоодветен начин тие го депонираа и опасниот електронски отпад. Целокупниот собран електричен и електронски отпад ќе биде однесен  во фирмите за преработка на ваков отпад  САБ „Весна‘‘ од Пробиштип и „Иво трејд‘‘ во Штип.  

Освен во  Велес, кави акции се спроведуваат и во неколку други града во Македонија,  со што таа  е дел од Балканска мрежа за управување со електронски отпад  и се реализира  и во Хрватска, Бугарија и Србија.

АНКЕТА »

Откако Србија и Хрватска го вратија задолжителниот воен рок, во Грција и Турција е исто така задолжителен , дали во Македонија треба да има задолжително служење војска?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »