речник контакт

Приказната за трите штрка со среќен крај

Три мали штрка денес беа пуштени во природата, откако преживеаја без родители, врнежи од град, без храна. Приказната се случуваше во селото Дрма-Петровец

Петар Печков

Во селото Дрма, општина Петровец денес на слобода беа пуштени три мали штрка. Тие останаа рано без своите родители , безбедно симнати од гнездо , згрижени во Скопската Зоолошка градина и за крај  пуштени во Катлановско блато каде има изобилство храна и  пријателчиња . Останува само да им посакаме многу среќа во животот.

Оваа вистинска животна приказна е дело на членовите на Здружението на бувови од Скопје.  Штркчињата биле пронајдени на 30-ти јуни годинава од селаните од Дрма, откако  неколку дена биле без храна и вода и оставени да умрат во гнездото, но биле спасени од Боби и Ана Арсовски од Здружението за заштита на бувовите во Македонија, кои ги чувале  неколку дена во дневната соба од својот стан и потоа ги однеле во скопската Зоолошка градина. Во спасувањето учествувале и екипи на ЕВН Македонија.

Неверојатна е приказната која жителите на селото им ја раскажале на спасувачите за судбината на малите штркови. Таткото и мајката на малите штркчиња го преживеале невремето од средианта на јуни, со град во кое десетина птици настрадале и за целото време не го напуштиле гнездото, а малите ги штителе со своите раширени крилја. Меѓутоа, по некој ден како што тврдат мештаните, еден од штрковите самиот се забил во далноводот кој бил под напон и починал. Другиот штрк околу еден час кружел околу него и околу далноводот и потоа го сторил истото. Трите мали штрка дваесетина дена беа згрижени во Зоолошката градина во Скопје и на 26-ти пушени во природа.

АНКЕТА »

Каде одмарате летово?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »