речник контакт

Пуштале во оптек лажни банкноти

Парите биле од по илјада денари и пушени на бензинска пумпа на Макпетрол

Петар Печков

Петокот  5-ти септември  околу 15,30 часот во СВР- Велес,  С.О. вработена во бензинската пумпа на „Мак Петрол“ пријавила дека две лица со автомобил „Опел Корса“ пуштиле во оптек фалсификувана банкнота од илјада  денари.

Полицијата дошла веднаш и ги идентификувала  лицата Р.З.(36) и Џ.З.(40) од село Горно Јаболчиште, при што кај нив се пронајдени и одземени три банкноти од по 1.000 денари со сериски броеви БН8113535, БА3938951 и ГА9732611.

Bо возилото се пронајдени една банкнота од 500  денари со сериски бр.ВА3086932 и една од 100 денари со сер.бр.МЊ275961. За нив постои сомнение дека се фалсификувани.

Лицата се приведени, банкнотите ќе бидат доставени за вештачење, а по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

АНКЕТА »

Како ќе ја помните годината зад нас, 2019-та?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »