речник контакт

Ракометарите на Борец изненадија во Скопје

Тие неочекувано ја совладаа втората екипа на Вардар, која во првиот натпревар во Велес, убедливо славеше

Петар Печков

Екипата на ГРК  Борец направи големо изненадување во „Кале“ совладувајќи ја екипата, Вардар јуниор со 29-26 во натпревар од 13. коло во машката Супер лига.

Вардар јуниор поведе  со 3-0 на овој меч, Борец успеа првпат на мечот да изедначи, на 5-5.Така беше до крајот на полувремето, Вардар јуниор поведуваше а  ГРК Борец израмнуваше па на полувреме се замина со  13-13.

Вториот дел  со полетна игра на велешани и прво водство  од   17:14   младите Вардарци вратија  со серија од 4 (18-17),но  само на кратко. И двете екипи наизменично водеа, за да во 45-тата минута  Борец поведе со 24:21. Овие три гола предност велешките ракометари ги сочуваа до крај, за голема победа над Вардар јуниор, кој во првиот натпревар во Велес беше убедлив со 33:17.

 По 8 гола кај Борец постигнаа Игнов и Стојановски ( три од седум метри),а по пет  Мачавелов и Ивица Лазаревски. 

По 13. коло Борец со 13 бода е седми. Во последното коло од овој дел на првенството, пред зимската пауза во сабота во Велес гостува скопски  Работнички, кој има големи аспирации и се наоѓа на 4-тото место со 27 бодови. 

АНКЕТА »

Дали 8-то место на ФК Борец во Првата лига ги задоволи вашите очекувања?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »