речник контакт

Расчистени се дилемите за песната ,,Велес, Велес убав град,,

ТРМР истражуваше и го откри создавањето на песната „Велес, Велес убав град“, која неодамна групата Виртус ја стави на ЦД. Песната е на музика од старо градска војводинска песна а текстот е на Слободан Ќириќ Цоро

Петар Печков

„Велес, Велес убав град“ е создадена далечната 1974-та година кога популарниот Цоро бил во посета на неговиот брат во Неготин Србија, кој работел во РТБ  (рударско топионичарски басен) Бор. Додека престојувал таму учествувал на работна акција и во носталгијата по Велес започнал да пишува песни за родниот град.

Во тој занес почнав да пишувам песни за Велес, а текстот легна на музиката од старата војвоѓанска песна „Синоќ кад је пао мрак“ во изведба на Гордана Којадиновиќ и Тамбурашкиот оркестар на РТС Нови Сад под раководство на Јаника Балаш. Песната беше одлично прифатена од велешките акцијаши, кои секогаш со задоволство ја пееја. Ја пееја и фудбалерите на Борец по секое враќање од гостување, било каде да е тоа. Едноставно таа стана химна на тогашните млади велешани – објасни Цоро.

Набргу таа се обнародилаи била песна на акции, екскурзии, гостувања, било кога и каде да биле велешани а секогаш носталгијата ги враќала на Стариот мост кај Вардарот, на серенадите, на меаните, на младоста...

Благодарение на Слободан Ќириќ еве го и оригиналниот текст, како и оригиналната песна: 

http://www.youtube.com/watch?v=vV5HvJTNKTc

Велес, Велес убав град пак можете да ја најдете во текстовите „забава“ на ТРМР

Велес, Велес убав град
дали пак ќе дојдам јас,
 на Стариот мост над Вардарот
 повторно да застанам

 И по твојте сокаци
 серенади да првам
 серенади да првам
 на велешкте моми

 
 Другари да седнеме
 и да се напиеме
 и да се напиеме
 за младите години
 
 Младоста нии помина
 по велешки меани
 по велешки меани
 секогаш распеани                                


 Велес, Велес убав мил,
 остани ко што си бил
 зрачи како сончев зрак
 јас ќе ти се вратам пак

АНКЕТА »

Како го минувате времето дома во полицискиот час?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »