речник контакт

Реакција на докторите по обидот за убиство на нивен колега

Пред некој ден во Велес бил нападнат и стоматолог

Петар Печков

Здружението на приватни лекари го осудува неделниот инцидент, во малолетничкиот затвор во Велес, кога имаше обид за убиство врз домскиот доктор.  

 За неговите колеги доктори, ова е системски проблем и тие прашуваат дали е почитувана процедурата за безбедност на докторот,  за стручноста  на обезбедувањето.

Како колеги реагираме на овој настан, уште еден напад врз доктор во земјава, овој пат обид за  убиство.   Прашуваме дали психолог и психијатар имаат дадено проценка за профилот на затвореникот. Дали некој работи со тие затвореници за нивна ресоцијализација,дали некој воопшто таму е дораснат за задачите на кои е поставен.Уште еднаш шрашуваме дали некој се грижи за безбедноста на докторите. Пред некој ден  имаше напад и на стоматолог во Велес.  Крајно време е и нституциите да му ја вратат вредноста на институцијата доктор. Друштвото мора да се реорганизира, за да профинкционира семејството како столб на секое друштво - вели претседателката д-р Лили Дервишова  Чолакова. 

АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »