речник контакт

Решението за Колска треба да биде долгорочно најави Анѓушев

Штрајкот прекинат откако вицепремиерот Анѓушев го образложи решението за решавање на Колска

Петар Печков

Вработените од фабриката за шински возила ,,Колска,, од Велес,, го прекинаа штрајкот, на одредено време.   Тие наместо на Железничка станица во Велес, и според најавите да го блокираат железничкиот сообраќај, имаа средба со вицепремиерот Кочо Анѓушев, кој уште во 7 часот наутро дојде во фабриката.

Таа е во државна сопственост, и поради шест неисплатени  плати и  немање на средства за обезбедување на репроматеријал, подолго време не работи.   Анѓушев  на вработените во Колска  им го образложил решението кое Владата кое го донеле за фабриката. 

Проблемот на Колска ќе биде решен, за тоа Владата издвои 15 милиони денари со  кои делумно  ќе биде зголемен капиталот на Колска. Тоа е единственото законско решение кое може да биде применето. За да се оствари тоа, потребно е  да се поминат законски процедури. За да се отстрани проблемите  со  на УЈП,  поради што имаат блокада за неплатени даноци,  потребно е да се направат законски   постапки. Потребно е одредено време. Тоа утрово на вработените им го објаснив,  како тие обврски     ќе се завршат, за колку време ќе се завршат, како ќе се обезбеди работи . Најдоа разбирање и сфатија дека тоа е единственото решение. Ние како Влада ќе ги исполниме обврските, таа е  сопственик на Колска. За недела до десет дена  ќе  добијат две плати и ќе се обезбедат ресурси за да може продолжи Колска непречено да работи. Решението за Колска треба да биде долгорочно а не да се земе  една две плати. Работиме со Македонски железници  инфраструктура, со други оператори кои имаат  вагони, да обезбедиме долгорочна работа. Не знам н многу  политика, но знам како се работи во фабрика. Јас тоа што го знам како човек од индустријата  ќе се обидам да го одработам за државата и државните капацитети – рече вицепремиерот  Кочо Анѓушев.  

Дел од постарите вработени потенцираа дека Анѓушев е првито министер кој дошол да ја посети Колска. 

Средбата  со вработените од Колска  која траеше 30-тина минути, заврши со ветување  дека работите ќе   тргнат на  подобро. Синдикатот по овој состанок, одлучи да го прекине штрајкот. 

Штрајков го ставивме во мирување. Добивме цврста гаранција  од вицепремиерот Анѓушев,. дека  процесот кој е започнат  ќе се заврши и до наредниот петок, средствата ќе легнат. Ако не го продолжуваме штрајкот - рече Слободан Димитриевски претседател на синдикатот во фабриката  за шински  возила ,,Колска,,. 

АНКЕТА »

Велес е еден од малкуте градови во Македонија, кои немаат пешачка зона во центарот на градот. Дали сте за улица 8-ми септември од Сармаале до споменикот на Илинденците да биде затворена за сообраќај а тој дел пешачка зона?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »