речник контакт

Роковите изминаа и киоскот и тезгата не се поместени

Граѓанска недисциплина и непочитување на Законот. Како ќе реагираат локалните власти

Петар Печков

 Изминаа роковите кои беа дадени за отстранување на киоскот, диво поставен кај зградата Благој Ѓорев 87. Иако рокот даден од градежниот инспектор  беше 26 јули, киоскот осана на локацијата. Исто е и со тезга од пилјарата наспроти споменикот на Илинденците.

Така велешани во најстрогиот центар имаат мало пазарче за кромид, компири и останато среде град, на отворено. Градоначалникот и за оваа тезга рече дека е диво поставена и сопственикот има рок да ја отстрани, тоа не се случи.

На потег сега е локалната власт која ги има инструментите за ваква непослушност. Од неодамна имаат фирма која ќе работи за отстранување на диво поставени објекти. За да на сите што имаат слични намери им се испрати порака, дека локалана власт навистина ќе работат според Законот и ќе го почитуваат, како што често јавно се говори.

АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »