речник контакт

Саботно гласање за втор круг, за градоначалник

Гласаат рекордни 900, болни и домашно притворени

Петар Печков

Оваа сабота  дома ќе гласаат во вториот круг за градоначалник болните и  лицата кои се во куќен притвор. На списокот се без малку 900. Или овој пат гласаат 882 болни или 2 отсто од запишаните што е висока бројка и 4 лица кои се во домашен притвор. За потсетување во првиот круг гласаа 679 болни и 8 лица од домашен притвор.

Утре в недела ќе гласаат останатите лица од избирачкиот список. Од ДИК информација дека тие што не биле на овој список во првиот круг, тоа право нема да можат да го остварат ниту во вториот, оти листата е затворена на 8-ми март, до кога се можни интервенции.

Според реакциите на граѓаните станува збор за околу   стотина лица кои имаат биометриски пасоши  или патни исправи, но нив ги нема во избирачкиот список, иако претходните изборни циклуси гласале на истото избирачко место.

Во избирачкиот список на ОИК Велес има 46.261 граѓани на 73 избирачки места. Гласањето започнува во 7 часот а трае до 19 часот. Гласачот за идентификација потребно е да покаже биометриска лична карта ли патна исправа (пасош).

АНКЕТА »

Како ќе ја помните годината зад нас, 2019-та?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »