речник контакт

Серија на кражба на трансформаторите во Велес

Сторителите крадат под напон, коцкајќи се со сопствените животи. Втора за пет дена на истиот трансформатор

Петар Печков

Понеделникот попладнето   украдени се делови од  трансформатор во Велес, кој бил под напон од 110 илјади волти. Сторителот или повеќе нив, тоа го сработиле толку вешто, стручно,  што не им фалело ни влакно од главата. Ова е втора кражба на истиот трансформатор за пет дена. 

Соседите на трансформаторот викан ,,Пензионерски,, беа собрани во близината и исчекуваа да дознаат што се случило, но и преплашени да не се повтори инцидентот од пред седум дена. Тогаш исто така при кражба на истиот трансформатор, беа оштетени стотина семејства и десетина државни фирми, институции, приватни лекарски ординации а  штетата беше повеќе од сто илјади евра.

Беше околу три и пол попладне кога почна струјата да варира, да искри. Разладните уреди почна да се вклучуваат исклучуваат неконтролирано,телевизорот исто така. По искуството од пред  недела дена, веднаш исклучивме се од штековитге. Ако е пак крадец, како што објаснуваат од ЕВН, ќе мораат тогаш поквалитетно да ги заштитат трансформаторите. Не може секој да влезе и да краде, мора да е некој стручен - велат жителите од соседството.

Тие   нервозно ја  исчекуваа разрешницата, да проверат откако струјата ќе биде вклучена дали и колкава штета ќе имаат овој пат.     Од ЕВН објаснуваат дека и во двата случаи е украдена бакарна шипка, чија вредност во откупните центри не е повеќе од десетина илјади денари, додека сторителот  си игра со животот, оти краде под напон  а  прави  многукратно поголема  штета .  

Повторно е  извршена кражба на енергетски делови од 10/0.4 кВ трафостаница “Пензионерски“  во Велес.  Крадците  демонтирале кабел за поврзување на нулата на енергетскиот трансформатор во нисконапонската  табла.. Поставена е нова врска и трафото е ставено под напон. Екипа од ЕВН Македонија работи на затворање на отворите за вентилација на вратите и на поставување на дополнителни светла и уреди за предупредувања при  насилно влегување во трафостаници - изјави Атанас Ковачевски портпаролот на ЕВН Македонија.  

Тие  и овој случај  го пријавиле  во СВР Велес . Додаваат дека до 13ч.  вчера, нема  до нив пристигнато  барање за надомест на штета. Ваква кражба се случува втор пат во истата трафостаница, на идентичен начин. Непознат сторител насилно влегува во внатрешноста на трафостаницата, низ отворот за вентилација во долниот дел од вратите. Во двата наврати напонот во трафостаницата не е исклучен и сторителот работи под напон. Идентично како во првиот случај, веднаш после настанот во трафостаницата на ЕВН, направена  друга кражба на шина од нулата на трансформаторот во сопственост на ЈКП “Дервен“ која е лоцирана во близина, но од другата страна на Вардар. Тоа истото се случило и пред седум дена. 

АНКЕТА »

Како ќе ја помните годината зад нас, 2019-та?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »