речник контакт

Се реконструира магистралниот пат Велес – Кадрифаково

Патот кој треба да биде брза магистрала со 90 км/ч, со широчина од 11 м и треба да се елиминираат 12-те црни точки, каде изминатите 3 години имаше 230 сообраќајки со повеќе жртви

Петар Печков

Делницата од Велес до Кадрифаково во должина од 24 км   се проширува а се елиминираат и 12-те црни точки. Ова го овозможува новиот магистрален пат, кој  е во фаза на реконструкција и рехабилитација. Екипите на изведувачот Страбег  работат на делницата од Велес до Лозово.

Оваа  е втора фаза од изградбата на овој  магистрален пат. Истата се одвива според планираното темпо.  Додека трае градежната сезона очекувам да  биде пробиена трасата во цела должина .  патот ќе има двојно поголема широчина а се елиминираат и црните точки со што ќе имаме поголема безбедност. Со завршувањето оваа делница станува брза магистрала  – изјави Љупчо Георгиевски, директор на  ЈП за државни патишта.

Ова делница се проширува од 5,55 на 11.1 метар. На тој начин се ублажуваат и кривините а со тоа се зголемува и пропусната моќ на  делницата, по која сега дневно возат околу 5 илјади автомобили. Со реконструкцијата   ќе се обнови и сообраќајната сигнализација. Како резултат на  овие активности просечната брзина на делот на овој магистрален пат низ Овче Поле ќе може да се вози со  90 км/ч наместо сегашните 60 км/ч.

Овој дел од магистралниот пат,  Велес – Штип кој е главна артерија на сообраќајот во источна Македонија, во  последните три години имал околу 230 сообраќајки, со  повеќе жртви.   Во првата фаза од изградбата на делницата од Велес до Кадрифаково,  се реконструираше патот низ населените места Лозово и Сарамзалино и се постави осветлување. Овие работи завршија во март 2014-та.

Од следниот месец директорот Георгиевски најави дека започнува третата фаза од Лозово, преку Сарамзалино до Кадрифаково кој е во должина од 11 км. Договорот со изведувачот Гранит бил склучен по што ќе започнат градежните работи. Целосно работите треба да завршат во втората половина на 2015 година.

АНКЕТА »

Дали имате доволно време да му посветите на Вашето дете/деца?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »