речник контакт

Се спасуваа давеници од Вардар во Велес

Велешани затечени од вежбата

Петар Печков

Дванаесет лица  беа спасени од реката Вардар, по нејзиното ненадејно надоаѓање. Сите беа извадени, реанимирани и пренесени во велешката Болница.   Ова беше   вежба за подготвеност на надлежните служби, во случај  на масовен трауматизам, која   ги преплаши велешани.

Се случи кај Мало мовче напладне.  Еден час колите на Итната помош ги  пренесуваа ,,повредените и давениците,,   од местото  бреговите на реката до  Општата Болница во Велес. Оваа вежба  е дел од програмата на Министерството за здравство со поддршка на   Светската здравствена организација.  

Вежбата е проверка во случај на поплава. Се проверува подготвеноста на Болницата и Здравствен дом да ги згрижат повредените. Вклучени се и Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и  спасување, Црвениот крст,   противпожарната заштита,  полицијата, Центарот за јавно здравје. Беа информирани и локалните медиуми за да не се создава паника.  Целта е да се увежбаат сите чинители, за  одговорот  да биде како што треба но и квалитетен  -изјави проф. др. Михаил Кочубовски од Институтот за јавно здравје, координатор на овој проект.

Тој ја оцени вежбата  за успешна, дури и со побрза реакција од очекуваната. Префрлањето на ,,настраданите,, со возилата на брзата помош во терминот додека траеше вежбата од 12 до 13 часот, ги ,,крена,, велешани на нозе.  Тие  бараа информација што се случува, каква несреќа станува збор, зошто толку пати колите на брзата помош возеа низ градот.

Сите помисливме на најлошото, некаква тешка несреќа трагедија. Никој за ова не информирал, ниту сме разбрале.    Толку врева се крена, што никој не остави рамнодушен .  Не  знаевме што се случува , дури подоцна разбравме дека е вежба – велат велешани, кои беа затечени од настанот.

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »