речник контакт

Смртта на Тамара сите не погоди, ама оправдување за пукањето нема (видео)

Жаклина Димовска, ќерката на Стојановски кој пукаше кон Тодоров го осудува чинот, но додава дека татко и тешко ја преживал загубата на внуката.,,Правда за Тамара мора да има,,. Било пукано со гасен шиштол, потврдуваат од МВР

Петар Печков

Жаклина Димовска мајката на деветгодишната Тамара која почина заглавена во административните лавиринти на здравството во земјава, е во шок по информацијата дека  нејзиниот татко  Љупчо Стојановски,  а дедо на Тамара, пукал во екс министерот за здравство Никола Тодоров.   

 Во неверувања сум што се случило денес во Скопје.  Шокирани сме цела фамилија. Кај нас имаше голем револт  по смртта на Тамара. Тој тешко го преживуваше тоа, да му почине внуката. Беше голема болка за него и сите нас. Секако дека тоа што го сторил не е за оправдување, фамилијата не сме насилници   - изјави Жаклина Димовска, мајка на Тамара и ќерка на  Љупчо.

Тој живеел во селото Долно Караслари, каде одгледувал зеленчук и го продавал на Градскиот пазар.  Така помагал и на ќерката Жаклина, откако неговиот зет а сопруг на Жаклина, заминал во странство да работи и го прехранува семејството.   Таа телефонскиот разговор го  заврши со оптимистичка изјава ,,Правдата за Тамара ја чекаме две години, мора да дојде,,.  

Пукањето кон Никола Тодоров го осуди премиерот Зоран Заев, владејачка СДСМ и опозициската ВМРО-ДПМНЕ чиј член беше Тодоров.  Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на прес конференција го осуди инцидентот и рече дека без оглед на мотивите и причините на напаѓачот, животот на човекот е неприкосновен и никој нема право да ја земе правдата во свои раце. 

Напаѓачот во екс министерот за здравство Никола Тодоров пукал со не смртоносен гасен пиштол, кој не може да убие,  потврдиле од МВР за  порталот САКАМДАКАЖАМ.МК.

 Во селото Долно Караслари, каде живееше Љупчо Стојановски, неверување за тоа што денес тој го сторил.  Мештаните за Љупчо имаат само убави и пофални зборови, дека бил домаќин, добар човек но сите ги изненадило дека тој пукал во друг човек.

АНКЕТА »

Како ќе ја помните годината зад нас, 2019-та?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »